Исак, синот на легендарниот фудбалер Дидие Дрогба, е фудбалер на португалскиот второлигаш Академика, но во клупските простории бил забележан пред два месеци за последен пат.

Легендарниот фудбалер долго време го бара својот син, но не може да го пронајде затоа што никој не знае каде би можел да исчезне.

Последен контакт со него имале кога побарал дозвола да оди во Франција за да полага некои испити, по што го прифатиле неговото барање, но никогаш повеќе не добиле повратен одговор.

Неговиот татко и поранешен напаѓач на Челси засега не открива повеќе детали за случајот во јавност.