Мајнц го растури Келн со 5-0 на стартот на 11-то коло во Бундеслигата за да се искачи на третото место во германската елита, во мечот кој беше решен за само едно полувреме.
Мајнц кој во минатото коло излезе од кризата по четири меча без победа, сега врза втор и тоа убедлив триумф. Прашањето за победникот заврши за половина час. Ингвартсен по 11 минути донесе водство, по што Келн остана со десетмина откако Килијан до 28-та направи два жолти картони, а Кор во 35-та ја дуплираше предноста. Пет минути потоа Стох погоди и третпат, па во вториот дел Мартин во 73-та и Онисово во 73-та ја дополнија мрежата на „јарците“ за комплетно понижување.
Мајнц со петтата сезонска победа сега има 18 бода, еден помалку со меч повеќе од првакот Баерн Минхен. Келн, пак, со третиот пораз остана на 16 на деветтото место на табелата.