Англискиот тим се изнамачи но во финишот од загубена позиција стигна до голем триумф. Лестер сити славеше со 2-1 на гостувањето кај ПСВ Ајндховен и обезбеди полуфинале во Конференциската лига на УЕФА.
На првиот натпревар во Англија минатата недела резултатот беше 0-0, а „лисиците“ беа во неповолна позиција, бидејќи губеа со 1-0. Еран Захави погоди за холандскиот тим во 27.минута. До последните 15 минути од средбата, Лестер беше пред елиминација, но тогаш Џејмс Медисон погоди за 1-1 во 77.минута.
Рикардо Переира во 88.минута ја обезбеди победата за англискиот состав за место помеѓу најдобрите четири тимови во третото по ранг клупско натпреварување во Европа.