Холандскиот ракомет е во голем подем, па така веќе се на само еден чекор од пласман на СП. Репрезентацијата на Холандија оствари победа од 33-30 на гостувањето кај Португалија на првиот натпревар од баражот за пласман на ракометното Светско првенство во Шведска и Полска идниот јануари.
„Лалињата“ покажаа дека се селекција со огромен напредок, па сега ги очекува нешто полесен реванш во Ротердам во недела. Гостите водеа во најголемиот дел од натпреварот. Во првиот дел постојано имаа 1-2 голови предност, а на полувремето беше 16-17. Холандија имаше и највисоки +4 со 23-27, но во финишот домашните дојдоа до израмнување 30-30. Со серија од 0-3 Холанѓаните дојдоа до триумфот од 30-33.
Смитс беше незадржлив за Портуталците и постигна 10 голови. Кај домашниот тим најефикасен беше Итуриза со осум погодоци.