Во Барселона сеуште се чудат како се случи дури 30.000 навивачи на Ајнтрахт од Франкфурт да се најдат на трибините на Камп Ноу.
Веројатно никој во Ајнтрахт не ни сонувал дека ќе има толкава поддршка од трибините во Барселона, но тоа се случи. Меѓу 79.468 гледачи на трибините, имаше речиси 30.000 навивачи на Ајнтрахт.
Чави беше многу лут по натпреварот и побара објаснување зошто се случи тоа, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се извини за очигледната грешка.
„Искрено, се срамам од тоа што се случи. Имаше многу навивачи на противничкиот тим, а малку наши. Многу ми е жал што така се случи. Отсега ќе мораме да бидеме многу построги. Не смееме да дозволиме ситуации вака да се повтори“, изјави Лапорта.
Инаку, Барселона испадна од игра во Лига Европа , каки и за сите трофеи сезонава, останува уште шпанското првенство, но зад Реал има големо заостанување. Лига Европа ја гледаше како можност за освојување трофеј, но беше запрена во четвртфиналето.