Милан и Јувентус се во трка за дефанзивецот кој оваа сезона ја воодушеви јавноста во Италија. Според Калчомеркато, желба на Јувентус е 22-годишниот Полјак Јакуб Кивиор од Специја, но, сепак, можно е Милан да биде побрз и да го доведе на „Сан Сиро”.
Во италијанските медиуми излезе веста дека Малдини се договорил за трансфер вреден 18 милиони евра, но претседателот на Специја ја прекинал целата зделка бидејќи смета дека неговиот играч по Светското првенство во Катар ќе вреди најмалку 30 милиони евра.