Фудбалерите на Бетис ја прекинаа мини-серијата од два порази во Ла Лига, откако денеска триумфираа со 1-0 против Атлетик Билбао во 28. коло од шампионатот.
Иглеасиас беше човекот кој го реши натпреварот, и тоа со погодок во 20. минута од мечот (1-0), а средбата ја одбележа и еден грозен потег на Набил Фекир, кој во завршницата од дуелот намерно клоцна противник и доби црвен картон.
Бетис има 49 бодови и се наоѓа на четвртата позиција, а пред нив е Атлетико Мадрид на два бода разлика, додека зад нив следи Барселона со еден бод помалку.