Дурант до полувреме постигна 27 поени, а на крајот на мечот стигна до бројката од 53 поени, па така по осми пат во кариерата ја надмина границата од 50 поени на еден меч.
Бруклин со денешниот триумф остана на осмата позиција во Источната конференција со 35 победи и 33 порази, па во моментов е на добар пат да избори пласман во плејофот.