Вториот меч од плејофот во АБА-лигата меѓу Црвена Звезда и Партизан остана во сенка на инцидентот кој се случи на теренот по завршување на натпреварот.
Во драматичен дуел славеше Ц. Звезда со 85-81 и така поведе со 2-0 во финалната серија, но поранешниот кошарка на „црвено-белите“, Матијас Лесор се изнервира по неуспехот, па сакаше да се тепа со навивачите.
Лесор тргна кон навивачите на Ц. Звезда и сакаше да се пресмета со нив, но потоа реагираа неговите колеги за да го спречат, а целата драма на теренот траеше повеќе од две минути.