Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Њукасл и Вест хем, Енди Керол минува низ големаљубовна драма, откако британски „Сан“ објави фотографии на кои може да се забележи како спие покрај две убавици во хотел во Дубаи, и тоа неколку недели пред неговата свадба.
Керол треба наскоро да се венча со неговата партнерка Били Маклоу со која има и три деца, но англискиот фудбалер си направи сериозни проблеми.
Кога се вратил дома се соочил со неговата вереничка, која ги видела фотографиите со двете убавици, но наводно не планираат да ја откажат свадбата.