Фудбалерите на милански Интер го совладаатимот на Емполи со 2-0, со што ја остварија 25. победа во италијанската Серија А.

Димарко беше стрелец на првиот гол во петтата минута, додека Алексис Санчез во 81. минута ја потврди победата на „нераѕурите“.

Интер на осум кола до крајот на првенството има 79 бодови, односно 14 повеќе од второпласираниот Милан.