Атлетико Мадрид со победа на гостувањето кај Вилјареал со 2-1 во 30. коло од шпанската Ла Лига се врати во трката за место во Лигата на шампиони (ЛШ).
Витсел им донесе водство на гостите од Мадрид во деветтата минута, а „жолтата подморница“ израмни на почетокот на вториот дел во 50 мин. со голот на Александар Сорлот. Победата за Атлетико ја потврди Саул Нигез кој погоди за 2-1 во 87. минута од натпреварот.
Атлетико е на четвртата позиција со 58 бодови, односно два повеќе од Атлетик Билбао, a Виљареал е десетти со 38 бодови.