Струшкиот ЏК Дрим од градот на Охридското Езеро освои 15 медаљи на Државното првенство за Сениори и Пионери овој викенд во Скопје.
Во сениорска конкуренција џудистите од Струга освоија 3 златни и 4 бронзени одличја.
Пионерите се носители на 1 златен, 3 сребрени и 4 бронзени медали.
Најзабележителен настап имаа сениорите: Андреј Чакаровски -100, Христијан Глигороски -90 и Анамарија Стојмиловска -48 кои освоија златни медали со што се стекнаа со титулата сениорски државен првак!
Кај пионерите младиот Амар Бајрамоски -46 беше неприкосновен освојувајќи го златниот медал!
Останатите џудисти, освојувачи на медали се: Елеонора Јосифоска, Јован Наумоски и Давид Трајаноски кои го освоија сребрениот медал а Марио Нелоски, Драгица Рафтоска, Андреј Симоноски, Катерина Клењоска, Анастасија Трајческа, Матеј Балоски, Давид Спироски и Мила Стојмиловска, се закитија со бронзениот медал.