Струшките џудисти се гордоста на Македонија!
Младите џудисти на ЏК ДРИМ Струга учествуваа на меѓународниот турнир во Едирне, Р.Турција. Македонија може да биде горда на овие деца, кои се достојни амбасадори на македонскиот спорт!
И овој викенд струшките џудисти како исекогаш беа на висина на задачата, овој пат во Едирне на меѓународниот натпревар “1 Април” каде во огромната конкуренција освоија 7 медали од седум натпреварувачи.

Пом. Пионери
1. Давид Спироски – златен медал
2. Елеонора Јосифоска – сребро
3. Катерина Клењоска – бронза
4. Мила Стојмиловска – бронза
5. Божидар Јуловски – бронза

Пионери:
1. Амар Бајрамоски – сребро
2. Матеј Балоски – сребро