Струшките џудисти освоија 15 медаљи на СКОПЈЕ ОПЕН.
Голем успех постигнаа џудистите на Џудо Клуб Дрим од Струга на Меѓународниот Натпревар “СКОПЈЕ ОПЕН 2024”. Освоени се 4 златни, 5 сребрени  и 6 бронзени медали, но она што е поважно е моментот дека за прв пат на натпревар настапија и џудистите од Џудо Секцијата во с. Подгорци, струшко. Но не само што настапија туку и освоија 3 златни медали. За само 3 месеци макотрпна работа, стручниот тим успеа да изгради џудисти кои веќе освојуваат медали на меѓународни натпревари и секако ќе бидат иднината на џудо спортот во с. Подгорци.
Со медали се закитија:
ЗЛАТЕН
1. Мишела Јаулевска
2. Амар Бајрамоски
3. Катерина Клењоска
4. Филип Шипоски
СРЕБРЕН
1. Мила Стојмиловска
2. Мила Стојанова
3. Елеонора Јосифоска
4. Анамарија Стојмиловска
5. Мелани Јакуповска
БРОНЗЕН
1. Салих Тајроски
2. Салих Рахимоски
3. Давид Спироски
4. Драгица Рафтоска
5. Давид Јаулевски
6. Андреј Гогоски
Тука струшките џудисти не застануваат, продолжуваат на натпревар во Јагодина Р. Србија