Хрватскиот напаѓач на Осасуна, Анте Будимир се најде во центар на вниманието откако имаше неверојатно промашување на пенал во 98. минута и неговата Осасуна загуби минимално од Валенсија (0-1).

https://twitter.com/i/status/1780122310868869534

По натпреварот Осасуна соопшти ужасни вести поврзани со напаѓачот. Имено, Будимир заработил повреда и има три скршени ребра.

„Будимир веднаш по мечот беше одведен во болница, каде што се утврдени скршеници во пределот на градниот кош. Тој има три скршени ребра, следат дополнителни прегледи“, соопшти клубот.

Ова ќе биде и голем удар за Хрватска и селекторот Златко Далиќ кои останаа без една од опциите за претстојното Европско првенство. Будимир игра одлична сезона, тој во моментов е втор стрелец во Примера со 16 голови.