Ница успеа да го добие дуелот со Партизан со 2-1 во петтото коло на Конференциската лига на УЕФА и го презеде врвот во групата. Николас Пепе во 29. минута донесе предност за домашните, а израмни Рикардо Гомеш во 74. минута. Сепак, само три минути подоцна Лемина го врати водството за Ница, а на крајот тоа беше доволно и за триумф на француската екипа.


Фиорентина славеше против Башакшехир на „Артемио Франки“ со 2-1. Турскиот тим поведе преку Алексиќ, но Лука Јовиќ со два гола се погрижи за пресврт обезбедувајќи му на својот тим место во нокаут рундата.
Вилјареал одигра реми 2-2 со Хапоел Бер Шева на домашен терен.АЗ Алкмар славеше на гости кај Вадуц со 1:2, а Андерлехт ремизираше со ФЦСБ (2-2).