ФФМ објави дека се пуштени во продажба билети за овој натпревар и тоа по цена од 600 денари преку продажната мрежа на МкТикетс. Продажбата трае до понеделник 30 мај, а сите што купиле билети ќе ги добијат веќе следниот ден по карго достава.
Едно лице може да купи најмногу четири билети за натпреварот, кој се игра во Разград на 600 километри нашиот главен град Скопје.
„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации“, се вели во дел од соопштението на ФФМ.