Саша Средановиќ, црногорски психолог е најновиот член на стручниот штаб на Чави. Според српските медиуми, таа потпишала договор со каталонскиот гигант на шест години, а веќе има богато искуство со работа во Шпанија, и тоа во врвниот фудбал.
Таа само што ја заврши сезоната во Реал Бетис, кој го освои Купот на Шпанија, а пред тоа работеше во Атлетик Билбао. Од доаѓањето на Чави, Барселона почна да гради комплетно нов стручен штаб. Во таа насока се направија неколку промени во академијата, но и кај тренерите и физиотерапевтите задолжени за првиот тим.