Атлетико Мадрид ја оствари 11. победа во Ла Лига оваа сезона, многу важна, со оглед дека е обезбедена со играч помалку. Тимот на Диего Симеоне играше со десетмина повеќе од половина час поради исклучувањето на Фелипе, но успеа да слави победа над Хетафе со 4-3 на „Ванда Метрополитано“.

Имаше лудо прво полувреме со шест гола. Луис Суарез на стартот на реализира пенал, но Анхел Кореа донесе предност за домаќинот, а Матеус Куња ја удвои. Потоа следеа три гола за гостите. Борха Мајорал намали на 2-1, а Енес Унал со два реализирани пенали направи пресврт.

Но, Анхел Кореа во последните мигови од првиот дел израмни на 3-3.

Атлетико Мадрид во 58.минута остана со играч помалку поради исклучувањето на Фелипе, а Марио Хермосо во 89.минута донесе неверојатен триумф за домашниот тим.