Пресметката на боливиски Индепендиенте Петролеро и венецуелска Депортиво Тахира за малку ќе донесеше гол на годината и тоа постигнат од голманот од 90 метри, ама се појави негов соиграч за да му го украде спектаклот.
Голманот Кристофер Варела пред крај на полувремето дегажираше, топката ги прелета сите и отскокна на шеснаесетникот, па го измами противничкиот голман и на празна мрежа, пред да влезе во гол, Ентони Урибе за сантиметри му го украде погодокот за да си го запише на своето конто.