Познатo е кој судија ќе ја дели правдата на средбата од 4.коло во квалификациите меѓу Македонија и Ерменија, во групата Ј, за СП во Катар 2022. Меч кој се игра в четврток на Арената во Скопје со почеток во 20:45 часот.
Тоа е познатиот Артур Мануел Рибеиро Соареш Диас од Португалија. Важи за еден од најдобрите судии во својата земја, а судеше и на мечот Англија – Чешка на последното ЕУРО.