Еден од најдобрите македонски ракометари на позицијата десно крило и повремен репрезентативец Никола Костески ги напушти редовите на Линц, но останува во Австриската лига.
Стружанецот прави трансфер во Холабрун, тим каде што настапува искусниот македонски бек Влатко Митков.
Никола имаше одличната сезона во која многупати беше најдобар стрелец на натпреварите, и избран за играч на натпреварот. Веќе дебитираше за новиот клуб и беше еден од најдобрите стрелци во тимот, со пет гола од пет обиди.