Ракометарите на Нант во првите 30. минути заостануваа два гола (20-18), најголемата негатива изнесуваше 20-17. По одморот целосно се променија работите на теренот, а Лазаров беше учесник во кам-бекот. Со неговиот прв погодок учествуваше во серијата на Нант од 5-0 за водство од 20-23.
До крајот гостите не дозволија пресврт, рутински го приведоа мечот во своја корист.
Лазаров беше стрелец на три гола од четири обиди, најдобар стрелец беше Ривера со осум погодоци од десет обиди. Нилсен имаше десет одбрани.