Победата против Чешка е една од најголемите во македонската ракометна историја. Драматичните 27-25 ќе останат врежани како продолжување на континуитетот, достојно заминување од селекцијата на Лазаров, Миркуловски и Стоилов, но и сплотеност како никогаш досега и како никого претходно.
Дека нашата репрезентација е едно големо семејство и дека тоа не е вообичаена фраза, најдобро покажуваат фотографиите од соблекувалната по натпреварот. Сите ракометари, членовите на стручниот штаб, претседателот на федерацијата Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски заеднички славеа и пееја победнички песни.