Стоилов кој сиве овие години беше неизоставен дел од македонската репрезентација која континуирано веќе една деценија е дел од најголемите натпреварувања, Европски и Светски првенства, објави денеска дека заминува од националниот дрес, поради преголемата исцрпеност и фактот дека неговото тело повеќе не го издржува големиот напор.
„Најавувам крај на репрезентативната кариера. Едноставно моето тело не е здраво. Постојано да сте под таков напор и да немате одмор, едноставно телото не издржува. Фала ѝ на македонската јавност за поддршката. Има многу имиња во сите овие години, на кои треба да им се заблагодарам, пред сѐ на Киро, Фала ти за се. Жути исто така“, рече Стоилов, па додаде:.
„Да мислев дека не можат без мене немаше да се откажам, но стварно имам доверба. Јас многу верувам во овие деца. Веќе не се ни деца. Многу верувам во нив, ова се златни деца. Не сакам да им ги земам минутите, Жаре заслужува повеќе да игра. Затоа мислам дека е време за овој потег. Да биде конечно оваа смена на генерации
„Имам уште една година со Вардар ќе видам како е таму ситуацијата и како ќе бидам со здравјето. Од 2008 сум немал одмор ни лете ни зима, со 20 дена сум“