Македонската ракометна репрезентација ја делат два дена до стартот на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат во Краков, се најдоа во група со Норвешка, Холандија и Аргентина. Мисијата за пласман во главната рунда е тешка, а пред стартот на мундијалскиот предизвик, РФМ на вонреден состанок ги одреди премиите за пласман за поминување на групата.
Максималната премија која ракометарите можат да ја добијат е 60.000 евра, истата ќе ја поделат доколку групната фаза ја завршат со три победи. Доколку Македонија групната фаза ја заврши со две победи и секако завери пласман во главната рунда, премијата изнесува 45.000 евра. Една победа и пласман во главната рунда носат 30.000 евра.
Нашите ракометари за Краков патуваат утре, веќе следниот ден, на 13. јануари, го играат првиот меч, за противник ја имаат селекцијата на Норвешка.