Лос Анџелес Клиперс триумфира на домашен паркет против Далас маверикс со 113-101 во НБА-лигата, а мечот го одбележа маестралниот Лука Дончиќ со 43 поени, 11 скокови и седум асистенции.

Клиперс постојано имаше предност и во еден момент таа достигна +22, Далас до крајот намали на осум негатива во последната четвртина, меѓутоа Дончиќ не можеше сам против расположените домаќини.

Екипата од Лос Анџелес ја прекина низата од шест порази, додека на Далас ова му е трет неуспех во последните четири натпревари.

Најефикасен во победата беше Ленард со 33 поени, девет скокови и четири асистенции, додека на спротивната страна, освен Дончиќ, се истакна и Хардавеј со 16 поени и четири скокови.