Кошаркарите на Мајами хит славеа со 112-111 против Оклахома сити тандер, а победата ја обезбеди одличниот Џими Батлер на 12,9 секунди пред крајот на натпреварот.

Мајами на овој меч постави и нов рекорд во НБА-лигата по број на погодени слободни фрлања, откако реализираа 40 од 40 удари, па така го урнаа претходниот рекорд на Јута (39) од 1982 година.

Екипата на Батлер во моментов е на осмата позиција во Источната конференција со 22 победи и 20 порази.

https://twitter.com/NBA/status/1613009371016953857?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1613009371016953857%7Ctwgr%5Eaf41e77ce3eaabfcb148688db796ed44d2ee2961%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fistorija-majami-pogodi-40-slobodni-frlanja-po-red-bez-promashuvanje-video