НБА лигата ќе добие нов шампион откако Денвер Нагетс доживеа болна елиминација во конференциското полуфинале од Минесота Тимбервулвс.
Следуваше доминанта игра на гостите кои дојдоа до 82:92 во завршницата, нокдаун од кој Денвер не можеше да се извлече и ја загуби мајсторката пред своите фанови за конечни 3:4 во серијата.
МекДениелс и Таунс со по 23 поени го предводеа гостинскиот тим во нападот, додека кај Денвер, Мареј и Јокиќ го завршија натпреварот со по 35, односно 34 поени, но немаа вистинска поддршка од соиграчите.
Минесота во конференциското финале ќе се соочи со Далас и ќе има предност на домашен терен, додека на Истокот, Индијана закажа конференциско финале против Бостон.