Повремениот македонски репрезентативец, Љупче Дориев игра во одлична форма во дресот на Согдиана, тим за кој продолжи да постигнува голови во противничките мрежи.
Офанзивецот овојпат беше двоен стрелец во пресметката со ОКМК со што дојде до бројка од пет голови во шампионатот на Узбекистан. Претходно ги затресе мрежите на Андијан, Навбахор Наманган и Нефчи Фаргона.
Единствената лоша вест е што Согдиана го загуби овој дуел со 5-3.
Со вкупно 11 бода Дориев и Согдиана се наоѓаат на 6. место на табелата.