Бекот на ракометниот клуб Пелистер, Филип Кузмановски е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир од Купот на Македонија и покрај тоа што неговиот тим загуби во финалето.
Репрезентативецот одигра одлично и против Тиквеш и против Алкалоид, но не успеа да му го донесе трофејот на својот тим. Голема конкуренција имаше во Жарко Пешевски кој беше најефикасен во финалето со седум гола.
Најдобар голман е 19-годишниот член на Алкалоид, Иван Галевски, додека најдобар стрелец е Богдан Радивојевиќ од Пелистер.