Митревски доби негативен тест , постои шанса да заигра на ЕП

Митревски доби негативен тест , постои шанса да заигра на ЕП

Првиот избор за голот на репрезентацијата на Македонија, Никола Митревски беше позитивен на тестот пред заминувањето за Унгарија, но информациите говорат дека тој направил неколку тестови после ова и сите биле негативни.

Со оглед на тоа што Митревски немаше ниту еден симптом направил тестирање за да се утврди каква е состојбата, па со оглед на тоа што сите тестови се негативни, сега ќе мора да поминат оние пет дена пропишани како карантин од ЕХФ пред да добие можност за настап.

Дали ќе може да брани против Црна Гора останува да се види после одлуката на ЕХФ. Сепак, сосема извесно е дека Митревски ќе може да ја засили Македонија за дуелот против Данска во последното коло.

Дефинитивно ќе недостига денеска, но Томовски, Чаневски и Трајкоски ќе направат сè за Македонија да има одлична одбрана на дуелот против Словенија и да дојде до успех на стартот на Европското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ