Во вчерашната победа на Реал над Барселона во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, покрај голот повреда заработи и Винисиус Јуниор.
Тој беше заменет во второто продолжение, бидејќи не можеше да го продолжи натпреварот, а наместо него влезе Камавинга.
Сите беа загрижени за потенцијалната пауза на офанзивниот играч на Реал, но добри вести доаѓаат од Шпанија.
Имено, Вини не доживеа класична повреда, туку почувствува грч, па мораше да одмори. Според информациите, тој ќе биде подготвен за финалето на Суперкупот во недела.
Реал ќе игра со подобриот од вечерашниот дуел во кој ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.