Фудбалската репрезентација на Англија победи во дербито против Италија во Неапол со 1-2 и по -првото коло е на врвот во нашата група. Деклан Рајс го отвори резултатот во 13.минута, а Хари Кејн од пенал зголеми на 0-2 во 44.минута.
Регрегуи даде гол за надеж за „аѕурите“, но, сепак на победата и се радуваа Англичаните.
Босна и Херцеговина го декласира Исланд и славеше со убедлива победа од 3-0, со двата гола на Раде Круниќ и погодокот на Дедиќ.
Данците со 3-1 ја совладаа Финска, а Португалија немаше проблеми против Лихтенштајн и победи со 4-0, со два гола на Кристијано Роналдо кој го одигра рекордниот 197. настап во репрезентацијата.