Екипата на Каљари на домашен терен забележа голема победа над Болоња (2-1) и така ја продолжува борбата за опстанок во италијанската Серија А.
Во рамки на 20. коло домаќинот во Сардинија беше сигурен и дојде до триголеми бодови. Иако Болоња поведе на дуелот, после пресврт до победа дојде тимот кој се бори за опстанок во елитното друштво.
Се играше 24. минута кога Орсолини донесе предност за Болоња, но радоста траеше кратко, затоа што Петања во 31. минута израмни на 1-1 по асистенција на Досена. Во вториот дел Калафјори си даде несреќен автогол за големи три бода на Каљари (2-1).
Со овој пораз Болоња падна од местото кое води во Лигата на шампионите. Сега тимот е шести а Каљари, се искачи на шеснаесеттото место и има напредок од две позиции.