Манчестер Јунајтед и Тотенхем ремизираа 2-2 во дерби дуелот на „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ двапати имаа водство, меѓутоа Тотенхем наоѓаше начин да израмни.
Јунајтед и Тотенхем ги поделија бодовите во возбудлив натпревар од 21. коло на англиската Премиер лига.
Првото полувреме донесе многу возбуда за публиката на „Олд Трафорд“. Јунајтед експлозивно го започна дуелот и многу рано, уште во третата минута поведе со одличниот гол на Расмус Винтер Хојлунд. Данецот стигна до вториот гол во Премиер лигата, а радоста на домашните фанови беше огромна.
Тотенхем се созема по малиот шок и ја стабилизираше играта, а веднаш потоа успеа и да израмни преку Ричарлисон, кој погоди за 1-1 во 19. минута. Манчестер имаше проблеми во одбраната, но во офанзивата делуваше многу посериозно. Неколкуте напади во продолжение вродија со плод и водството беше вратено во 40. минута, кога Маркус Рашфорд конечно погоди после „постот“ од 992 минути на домашен терен. Хојлунд беше асистент при голот, а домаќините на паузата водеа со 2-1.
На почетокот на второто полувреме израмнувачки погодок постигна Родриго Бентанкур.