Сагата околу иднината на играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, продолжува. Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за играчот од средниот ред и каталонците сакаат да го продадат, но тој не сака на „Олд Трафорд“.

Ако се прашува фудбалерот тој би заминал во Баерн Минхен, тврдат германските медиуми. Сепак, ваков трансфер ова лето е невозможен.

Цената на Де Јонг е околу 80 милиони евра, а клубот од „Алијанц Арена“ не може да си дозволи да ја плати во овој преоден рок.

Единствена опција за Баварците во средниот ред е Конрад Лајмер од Лајпциг. Доколку Австриецот не биде доведен, тогаш Џулијан Нагелсман ќе мора да се задоволи со расположливите играчи во средниот ред.