Георги Мамардашвили блеска на овогодинешното Европско првенсво и тоа и не е големо изненадување ако се знае дека веќе две сезони брани на високо ниво во Валенсија.
Со 24 години тој е еден од најдобрите чувари на мрежата во шпанската Ла Лига. На Европското првенство досега запиша 20 одбрани и е убедливо прв во таа категорија пред Флорин Нита од Романија кој има 13, а на листата следат Ангус Гун од Шкотска и Италијанецот Донарума со по 12.
Неодамна колега на Мамарадшвили во Валенсија стана македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, па така јасно е дека Грузиецот ќе го напушти клубот од „Местаља“.
Одличните настапи на првенството се само дополнителна причина Валенсија скапо да го продаде и добро да заработи. Најавите се дека трансферот би изнесувал околу 30 милиони евра.
Засега не е познато каде Мамардашвили би ја продолжил кариерата, иако претходно имаше контакти со Баерн Минхен кој полека размислува за наследник на Мануел Ноер.