Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски трет натпревар по ред не прими гол против Барселона. Овојпат во тимот на Чави беа Роберт Левандовски, Рафиња, Осман Дембеле, влегоа во игра и Ансу Фати и Пјер-Емерик Обамејанг, но мрежата на Столе остана мирна. Рајо Ваљекано освои бод на „Камп Ноу“ откако ремизираше без голови против каталонскиот гигант.

Столе Димитриевски имаше неколку фантастични одбрани, делуваше смирено и воопшто не беше импресиониран од величината на напаѓачите во дресот на Барселона.

Во финишот од мечот, Серхио Бускетс заработи и црвен картон, па тоа беше крај на надежите на Барселона дека може да стигне до триумф.

https://twitter.com/KelvinNkrumah19/status/1558666084194058240?s=20&t=WvFv7AKB0TrXx_Ijp5ycbQ