Досегашниот член на репрезентацијата на Словенија, и играч на тамошниот лигаш Триглав, Алекс Златков и официјално ќе може да ги промени нациоалните бои и да заигра за Македонија. Момчето кое има потекло од Кочани, и кое веќе одигра неофицијални мечеви за Македонија сега ќе има полно право да игра за нашата репрезентација, затоа што ФИФА и официјално даде согласност тој да го промени спортскиот пасош.

Еден од најголемите таленти на Словенија, кој во моментов има 19. години досега за „Змајчеките“ одигра дваесетина мечеви во младинските категории, но се реши да го промени националниот дрес и да игра за Македонија.

Тој би требало, ако се биде во ред да му се стави на располагање на селекторот на У21 репрезентацијата на Македонија, Драган Канатларовски за претстојните предизвици во месец Март. Тој инаку игра на позицијата последен играч за врска.