Поранешниот англиски и европски првак Нотингем Форест закажа четвртфинална пресметка за помалку од две недели со Ливерпул, откако вечерва со победата со пресврт во првиот дел со 2-1 го минаа Хадерсфилд и ја комплетираа осморката во најстарото островско натпреварување.

За осум минути во средина на првиот дел, Нотингем успеа од негатива од еден гол после погодокот на Лис во 13-та минута, да го сврти мечот во своја корист, па Сариџ во 29-та израмни, па Јатс во 37-та донесе водство и потоа резултатот не се промени.

Се обиде Хадерсфилд за стигне до израмнување, до последните 15 минути создадоа низа шанси кои не ги реализираа, па промаши и Нотингем две зрели за порано да ја запечати победата, но успеа да го одбрани водството до крајот и да оди понатаму..