Лацио со пресврт беше подобар од Болоња (2-1) и тоа откако новиот голман на екипата, Луис Максимилијано, направи огромна грешка веќе во шестата минута, кога непотребно ја фати топката надвор од шеснаесетникот, што значеше директен црвен картон. Гостите тоа го казнија со голот на Арнаутовиќ од пенал во 38. минута, но немаа среќа во финишот па во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме останаа без Сумаро, кој доби два жолти картони во само десетина минути. Римјаните тоа одлично го искористија, па прво по автоголот на Де Силвестри во 68. минута го изедначија резултатот, за десетина минути подоцна преку Имобиле да дојдат до конечниот резултат.
Виолетовите од Фиорентина пак, славеа против Салернитана (3-2) и тоа со голот на Мандрагора во 95. минута, кој всушност беше автогол на гостинскиот голман, кој буквално влезе сам со топката зад гол-линијата. Претходно, гостите постигнаа гол директно од корнер, а за одбележување е и деби-погодокот на Лука Јовиќ, доскорешниот фудбалер на Реал Мадрид.