Фудбалерите на Наполи водат на полувремето на гостувањето во Болоња со 0:2.
Стрелец на погодокот беше Лозано, а асистент при истиот беше Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец доби топка на левата страна, добро ја прими и направи одличен дриблинг. По него Елмас уфрли на пеналтикот, а таму на топката налета Мексиканецот кој ја смести во мрежата.