Арсенал ќе го ангажира италијанскиот репрезентативец од Челзи, Жоржињо, и тој ќе се пресели на „Емирати“. Англискиот премиерлигаш постигна договор со градскиот ривал Челзи за трансфер на Жоржињо. Лидерот во Премиер лигата го договори Бразилецот кој игра за италијанската репрезентација и ќе остане на „Емирати“ до јуни 2024 година, што значи дека договорот е на една и пол сезона.
Актуелниот договор на Жоржињо со Челзи истекуваше за шест месеци, но овој тим успеа да го продаде и да заработи 12 милиони фунти. Ако не го продадеше до крајот на денот, Жоржињо ќе останеше на „Стемфорд бриџ“, а потоа во летниот преоден рок ќе си заминеше без пари.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1620360063507664896?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1620360063507664896%7Ctwgr%5Ed78d20efdae25fb8b465b13a24355000cc66ea97%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Farsenal-go-dobi-toa-shto-go-sakashe-italijanskiot-reprezentativets-od-chelzi-se-preseli-na-emirati%2F