Александар Трајковски, напаѓачот на дански Алборг и на македонската фудбалска репрезентација оваа зима или евентуално на лето ќе му се придружи на Езџјан Алиоски во Саудиска Арабија.

Како што пишуваат данските медиуми Трајковски е пред потпис со клуб од Саудиска Арабија каде би требало да зема 1,3 милиони евра годишно.

Инаку Трајковски моментално игра во данскиот шампионат во Алборг како позајмен играч од Мајорка. Има одиграно 12 натпревари, има една асистенција и сеуште не се запишал во листата на стрелци.