Во трката да се обезбедат адекватни засилувања за следната сезона, торински Јувентус идентификува три трансфер цели кои може да ги ангажира, практично, без пари.
Торинскиот клуб најверојатно ќе испрати понуди за договор со Иван Перишиќ (Интер), Анхел Ди Марија (ПСЖ) и Пол Погба (Манчестер Јунајтед). Сите тројца ќе станат слободни агенти ова лето, што значи дека Јуве би можел да ги ангажира како слободни агенти.
За Погба веќе се зборува дека е во контакт со преставници на Јувентус и дека инсистира да се врати во Торино. За Перишиќ и Ди Марија пак допрва треба да се направат напори да се обезбеди потписот.