Фудбалерите на Перу се на добар пат да ги изненадат фаворитите и да се најдат меѓу патниците од Јужна Америка на Светското првенство (СП) годинава во Катар, откако ноќеска направија чудо и по 20 години победија на гостувањето кај традиционално подобрата Колумбија (1-0).

Стрелец на победничкиот погодок беше Едисон Флорес во 85. минута, што беше единствениот удар на Перуанците во рамките на противничкиот гол, кој, пак, се покажа како доволно среќен за оваа селекција. Тие последен пат победија во Богота во веќе далечната 2001 година и тоа во склоп на квалификациите за Мундијалот во 2002 година.

 

Перу со овој триумф е четврти на табелата со 20 бодови, односно на последното место кое директно води во Катар, додека Колумбијците се шести со три бода помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore