Таа, откао успешно ги мина лекарските прегледи, потпиша договор до крајот на сезоната и веќе го одработи првиот тренинг со составот од Македонска Каменица.
„Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции. Очекуваме со своето искуство да ни помогне да бидеме уште посилни и со подобри резултати во пролетниот дел од сезоната! Со среќа Пејтон, многу заеднички успеси и, секако, трета титула во низа“, се вели во објавата од клубот.
Инаку во македонското женско фудбалско првентво во моментов има пауза пред почетокот на втората полусезона. Лидер е Каменица Саса со 24 бодови, исто колку и Скопје 2014 и Тиверија.