Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Елвир Кољиќ, напаѓачот на романската екипа Универзитатеа Крајова, постигна очигледен гол со рака кој судијата не го забележе и го призна.
Во осмата минута од натпреварот Кољиќ го израмни резултатот на 1:1 откако ја смести топката во мрежата по одбраната на домашниот голман. Иако домашните играчи веднаш му сигнализираа на судијата дека голот е постигнат на недозволен начин, Кољиќ тргна да го прослави голот, што на крајот беше и признаен.
Сепак правдата беше задоволена и тимот на Сепси за кој настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски на крај славеше со 3:1.
Стрелци за Сепси беа Кевин Лукасен (1. минута), а победата по израмнувањето на Кољиќ ја обезбеди двојниот стрелец Анас Ахахбар (54. и 61. минута).